Регистрација на издавачите на соби во Дојран

Bez autora
Jun 20 2011

Локалната самоуправа во Дојран подготвува ажурирање на старите податоци и воспоставување нов регистар на издавачи на соби во Стар Дојран. Според градоначалникот на општина Дојран Глигор Чабулев, во тек е постапката за категоризација на објектите во кои се врши туристичка дејност од мал обем, односно на објектите од приватните иматели на викенд-куќи кои се занимаваат со издавање на соби за туристички посетители. Ова е согласно Законот за угостителска дејност според кој сите физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем- издавање на соби, должни се да поднесат барање за упис во Регистарот на издавачи и задолжително да водат книга за гости. Издавачите наплаќат 40 денари туристичка такса по лице, од која помал дел се влева во општинскиот Буџет, но тоа е сепак мал надоместок за целата подготвителна работа за туризмот како доминантна туристичка дејност во Дојран.

Регистрација на издавачите на соби во ДојранЛокалната самоуправа во Дојран подготвува ажурирање на старите податоци и воспоставување нов регистар на издавачи на соби во Стар Дојран.

Според градоначалникот на општина Дојран Глигор Чабулев, во тек е постапката за категоризација на објектите во кои се врши туристичка дејност од мал обем, односно на објектите од приватните иматели на викенд-куќи кои се занимаваат со издавање на соби за туристички посетители.

Ова е согласно Законот за угостителска дејност според кој сите физички лица кои вршат угостителска дејност од мал обем- издавање на соби, должни се да поднесат барање за упис во Регистарот на издавачи и задолжително да водат книга за гости. Издавачите наплаќат 40 денари туристичка такса по лице, од која помал дел се влева во општинскиот Буџет, но тоа е сепак мал надоместок за целата подготвителна работа за туризмот како доминантна туристичка дејност во Дојран, изјави Чабулев.

Ова, додаде тој, е со цел да се следи туристичкиот промет и да се овозможи соодветно, навремено и пожелно сместување на гостите во приватните сместувачки капацитети, особено во екот на туристичката сезона кога се бара кревет повеќе.

Туристичкиот информативен центар во Дојран продолжува да нуди соодветни информации како за хотелското, така и за приватното сместување во градот, годинава и со проширена понуда на информации за самите објекти кои се наменети за сместување, изнајмување за подолг период или продажба. Тоа се пред се сместувачките капацитети во викенд-куќите каде сопственици се физички лица, становите и куќите наменети за изнајмување или продажба.

За секој објект се води и електронска евиденција со адресни податоци, фотографии и типот на сместувачката категорија рангирана според ЕУ-стандардите.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik